Explore the latest books of this year!
Bookbot

Полиња со диви нарциси

More about the book

Писмото што останува непрочитано во џебот на едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непроменливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта и неверството. Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечно живите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го најдеме она што ниту сме знаеле дека воопшто ни припаѓа? Противречноста на очекувањето. Да проникнеш во човекот е исто како тој да се роди повторно. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели? Полиња со диви нарциси е необична приказна за едно неверство. Особено восхитуваат веќе докажаното мајсторство во монтажата на нарацијата и суптилната инверзија во која ни се откриваат ликовите. Староста преку младоста, минатото преку иднината. И едното и другото судбински вкрстени во вечното сега.

Book purchase

Полиња со диви нарциси, Винка Саздова

Language
Other languageOT
Released
Binding
(Paperback),
Book condition
Very Good
Price
€4.39

Payment methods

No one has rated yet.Add rating

Title
Полиња со диви нарциси
Language
Other language
Format
Paperback
ISBN10
6082300718
ISBN13
9786082300719
Series
Tags
Description