Во драмата «Случка меѓу настани» паралелно се одвиваат две приказни - едната сместена во Александрија, Египет, при крајот на четвртиот и почетокот на петтиот век и следи неколку хипотетички случки од животот на големата мислителка Хипатија, додека другата се одвива во Скопје во првата деценија на 21 век. Како што вели д-р Ангелина Бановиќ-Марковска, «додека на почетокот чиновите се подолги и е потребно повеќе време за промена на топосот, како што настаните водат кон својот крај итајќи кон недоразбирањата, пречките и насилството, дејството станува се подинамично менувајќи го брзо просторот и времето. Но, она што остава впечаток во овој драмски текст е сознанието за важноста и за значењето на историските настани во контекст на денешницата, поврзаноста и сличноста со тешкотиите и меѓучовечките односи кои, иако одвоени со векови и со илјадници километри, се актуелни и денеска и се дел од прашањата со кои се занимава едно сериозно дело.»
Kalina Maleska Books
