Series
More about the book
Дејството се одвива во луксузен планински хотел Overloock. Главните ликови се семејството Торенс; сопружниците Џек и Венди и нивниот петгодишен син Дени. Сè изгледа како нормален социјален роман, но атмосферата на растечка стравота е присутна: котелот за централно греење се претвора во чудовиште, пожарната цевка во напуштениот ходник станува змеј, а живиот плет од грмушки, обликувани во форми на животни, носи темна закана. Сите овие предмети би имале сосема поинаков карактер, ако не беше главниот херој, петгодишниот Дени, дете со извонредни телепатски и ясновидски способности. Преку неговите очи го гледаме Overloock, местото што за долго време ќе стане дом на семејството Торенс. Кинг мајсторски го води расказот. Дени ја впива енергијата на хотелот, кој бил сведок на многу драматични настани. Атмосферата на страв, неуморно пренесувана на читателот, се зголемува до точка каде катастрофата на крајот на романот е ништо во споредба со психичкото страдање на хероите…
Book purchase
Сјаење - второ издание, Stephen King
- Language
- Released
- 2020
Payment methods
We’re missing your review here.


